Прејди на содржината

Фудбалска репрезентација на Белгија

Од Википедија — слободната енциклопедија
 Белгија
Грб на фудбалскиот сојуз
Прекари(и)Црвените ѓаволи
СојузКралска фудбалска асоцијација на Белгија
КонфедерацијаУЕФА УЕФА (Европа)
СелекторШпанија Роберто Мартинес
КапитенЕден Азар
Најмногу настапиЈан Вертонген (105)
Најдобар стрелецРомелу Лукаку (40)
Домашен стадионСтадион Крал Бодуен
ФИФА кодBEL
Домашни бои
Гостински бои
Пласман на рангирањето на ФИФА
Моментално3 (јуни 2018)[1]
Највисок1 (ноември 2015)[1]
Најнизок71 (јуни 2007)[1]
Прв меѓународен натпревар
 Белгија 3–3 Франција 
(Укел, Белгија; 1 мај 1904)
Најголема победа
 Белгија 9–0 Замбија 
(Брисел, Белгија; 4 јуни 1994)
 Белгија 10–1 Сан Марино 
(Брисел, Белгија; 28 февруари 2001)
 Белгија 9-0 Гибралтар 
(Лиеж, Белгија; 31 август 2017)
Најлош пораз
 Англија (аматери) 11–2 Белгија 
(Лондон, Англија; 17 септември 1909)
Светско првенство
Учества13 (првпат во 1930)
Најдобар резултаттрето место 2018
Европско првенство
Учества5
Најдобар резултатфинале, 1980

Фудбалската репрезентација на Белгија ја претставува Белгија на меѓународните фудбалски натпреварувања и е под контрола на Кралската фудбалска асоцијација на Белгија. Формирана е 1990 година.

Репрезентацијата е под глобална јурисдикција на ФИФА, во Европа е управувана од страна на УЕФА - откако и двете федерации биле ко-основани од надзорното тело на белгиската репрезентација, Кралската белгиска фудбалска асоцијација (RBFA). Периодите на редовна белгиска застапеност на највисоко меѓународно ниво, од 1920 до 1938 година, од 1970 до 2002 година и повторно од 2014 година наваму, наизменично се менувале со претежно неуспешни квалификациски кругови. Повеќето домашни натпревари Белгија ги игра на Стадионот Крал Бодуен во Брисел.

Белгиската фудбалска репрезентација учествувала на три големи четиригодишни фудбалски натпреварувања. Се појавиле во завршната фаза на тринаесет Светски првенства и пет Европски првенства на УЕФА, а настапиле и на три олимписки фудбалски турнири, вклучувајќи го и Олимпискиот турнир во 1920 кој го освоиле. Други позначајни резултати се победите над четири Светски шампиони - Западна Германија, Бразил, Аргентина и Франција - во периодот помеѓу 1954 и 2002 година. Белгија има долгогодишно фудбалско соперништво со своите соседи Холандија и Франција, играјќи против двата тима речиси секоја година од 1905 до 1967 година. Прекарот на репрезентацијата е познат како Црвените ѓаволи и така се нарекуваат уште од 1906 година; нејзиниот навивачки клуб е наречен „1895“.

За време на репрезентативната играчка кариера на напаѓачот Пол Ван Химст, најомилениот белгиски фудбалер од 20 век, Белгија го освоила третото место на Евро 1972. После тоа, тие доживеаја две златни доби со многу надарени играчи. Во првиот период, кој траел од 1980-тите до раните 1990-ти, екипата завршила како второпласирана на Евро 1980 и како четврта на Светското првенство 1986. Во втората, под водство на Марк Вилмотс во 2010 година, Белгија стигнала до четвртфиналето на Светското првенство 2014 и се нашла на врвот на Ранг-списокот на ФИФА за првпат во ноември 2015. По заминувањето на Вилмотс белгиската репрезентација ја преземал Роберто Мартинес, со кој настапувале на Светското првенство 2018.

Историја

[уреди | уреди извор]

Белгија била една од првите европски држави која играла фудбал по капата на фудбалската асоцијација. Неговата пракса во Белгија започнала на 26 октомври 1863 година, откако еден ирски студент влегол во колеџот Јозефис во Меле со кожна топка.[2] Првично тоа било елитистичко минување време,[3] а во текот на следните децении фудбалот го заменил рагбито како најпопуларен спорт во Белгија.[4] На 1 септември 1895 година, десет клубови во фудбал, атлетика, крикет и велосипедизам го основале белгискиот спортски одбор Унион Белж дес Сосиетес де Спортс Атлетикес (Union Belge des Sociétés de Sports Athléques) УБССА;[4][5] една година подоцна УБССА го организирал првото издание на Првата Белгиска фудбалска лига.[4]

Football team in uniform
Првата Белгиска А-екипа во 1901 вклучувала четворица англичани.

На 11 октомври 1900 година, почесниот претседател на К. Биршот ВАК Хорхе Диаз објави дека Антверпен ќе биде домаќин на серија натпревари меѓу најдобрите европски фудбалски екипи.[6] По некои организациски проблеми, на 28 април 1901 година, теренот на Биршот бил домаќин на првиот турнир, во кој белгискиот A-тим и холандскиот Б-тим се натпреварувале за Купот Ванден Абеле.[7][8] Белгија победила,[9] и ја совалдале Холандија и во сите три следни натпревари;[10] но сепак, ФИФА не ги признала овие резултати бидејќи за Белгија играле неколку англиски играчи.[10] На 1 мај 1904 година, Белгијците го одиграле својот прв официјален натпревар, против Франција на Стад ду Вивие д'Ој во Укел; натпреварот завршил нерешено така што ниту една екипа не го освоила трофејот на Евонс купот.[11] Дваесет дена подоцна, фудбалските одбори на двете земји биле меѓу седумте основачи на ФИФА.[12][13] Во тоа време, белгискиот состав бил избран од комитет составен од шест или седум клубови во земјата.[14] Во 1906 година, играчите на репрезентацијата го добиле прекарот Црвените ѓаволи, поради нивните црвени дресови, и четири години подоцна, шкотскиот поранешен фудбалер Вилијам Максвел го заменил УБССА комитетот за да го преземе селекторското место во репрезнетацијата.[15] Од 1912, УБССА управувал само со фудбалот и бил преименуван во УБСФА. За време на Големата војна, репрезентацијата играл само непризнаени пријателски натпревари, против Франција.[16][17]

На Летните олимписки игри 1920, на нивниот прв официјален олимписки настап, Црвените ѓаволи го освоиле златниот медал на домашно тло откако во контроверзното финале, ја победил Чехословачка чиј играчи го напуштиле теренот.[18][19] На трите Летни олимписки игри во 1920-тите година, тие постигнаа добри резултати (четири победи во седум натпревари) и го одиграа својот прв меѓуконтинентален натпревар, против Аргентина.[16] Во текот на следната деценија, сепак, Белгија ги загубила сите свои натпревари на првите три финални турнири на Светското првенство на ФИФА.[16] Според историчарот Ричард Хеншоу, "растот на фудбалот во Скандинавија, Средна Европа и Јужна Америка ја оставил Белгија далеку зад себе".[20] Иако Втората светска војна ги попречувала меѓународните фудбалски настани во 1940-тите, белгискиот тим останал активен со неофицијални натпревари против екипи на земјите кој им биле сојузници во Втората светска војна.[21]

A successful penalty kick, seen from the back of the net
Во финалето на Олимпискиот фудбалски турнир 1920 игран на Олимпискиот стадион во Антверпен, Робер Копи го постигнал првиот гол за Белгија од пенал.

Белгија се квалификувала само за еден од осумте главни турнири во текот на 1950-тите и 1960-тите години: Светското првенство 1954. Еден ден пред почетокот на турнирот, КФАБ била меѓу трите основачи на УЕФА.[22] Холандските новинари сметале дека ремито на белгискиот тим во нивниот прв натпревар на СП 1954 против Англија било најголемиот изненадувачки резултат за тој ден на првенството, дури поголем и од победата на Швајцарија над италијанските "фудбалски ѕвезди".[23] Сепак, Белгија била елиминирана по поразот од Италија во вториот (и последен) натпревар во групата.[24] Двете светли точка во овие децении за Белгија биле победите против Светските шампиони: Западна Германија во 1954 и Бразил во 1963 година.[16] Помеѓу овие две победи, Белгија го совладала и унгарскиот Златен тим во 1956 година. Комбинацијата на неуспех во натпреварувачките натпревари и успехот во пријателските натпревари, им го донел на Белгијците лошиот прекар "Светски шампион на пријателските натпревари".[25][26]

Перформансите на репрезентацијата се подобриле во текот на раните 1970-ти, под водство на селекторот Рејмонд Гетелс. Целосно облечени во бело, како Бели ѓаволи, Белгија стигнала до првите победи на светско и на европско првенство на турнирите во 1970 и 1972 година соодветно.[27][28] На Светското првенство 1970, Белгија ја остварила првата победа совладувајќи го Ел Салвадор со 3-0 во првото коло од групната фаза, но поразите од Советскиот Сојуз (4-1) и од домаќинот Мексико (1-0) не им дозвоиле да минат во четвртфиналето. На патот кон Европското првенство 1972, нивниот прв настап на европско првенство, тие ги елиминирале актуелните европски шампиони Италија со победа во бараж двомеч од 2-1 вкупен резултат. На крајот, завршиле на третото место, остварувајќи победа во утешниот натпревар против Унгарија.[28] Во 1973 година, поништен победоносен гол во последниот натпревар од квалификациите за Светското првенство 1974 година во УЕФА Групата 3 ја чинел Белгија да не учествува на завршницата на Светското првенство во Западна Германија,[29] што предизвикало Белгија да стане единствената нација што некогаш пропуштила завршница на Светско првенство, и покрај тоа што не примила ниту еден гол за време на квалификациите.[30] Следните два обида да се стигне до завршницата на големите турнири исто така биле залудни.[31][32]

Почнувајќи од второто место на Евро 1980,[33] 1980-тите и раните 1990-ти генерално се сметаат за првата златна доба на Белгија.[34] Предводени од селекторот Гај Тис, Белгијците стигнале до финалето на Европското 1980 како непоразени и првопласирани во групната фаза; во финалето, тие ја загубиле титулата од Западна Германија со резултат 1-2.[33] Почнувајќи од Светското првенство 1982 и завршувајќи со Светското првенство 2002, репрезентацијата се квалификувала за шест последователни завршници на Светските првенства и најмногу достигнала до вториот круг на натпреварување.[35] Во прилог на добивање поединечни признанија на ФИФА, белгиската екипа стигнала до полуфиналето на Светското првенство 1986.[36] По пласманот во финалето на Европското првенство 1980, тие биле неуспешни на следните два европски првенства, со рани испаѓања од турнирите во 1984 и 2000.[37][38] Во текот на доцните 1990-ти, тие одиграле три пријателски турнири во Мароко, Кипар и Јапонија,[39][40] споделувајќи ја титулата во вториот со Перу на Кирин куп 1999.[41] Најголемите таленти на белгискиот тим за време на ова златно доба се повлекле од репрезентативниот фудбал до 2000 година, но во 2002 година, Белгија го поразила актуелниот светски и европски шампион Франција,[16] и стигна до осминафиналето на Светското првенство истата година.[42]

Belgian defender maneuvering around the Algerian goal
Натпревар на Светското првенство 2014 помеѓу Белгија (играчот во црвен дрес) и Алжир.

По Светското првенство во 2002 година, репрезентацијата значително ослабела поради загубата на повеќе играчи ветерани кој се повлекле од дресот со националниот грб како и заминувањето на селекторот Васиге.[43][44] Тие пропуштиле пет последователни Европски првенства од 2004 до 2012 и поминале низ еднаков број на селектори.[45] Во 2005 година, победата над европскиот шампион Грција не значела ништо друго освен мала утеха.[16] Во меѓувреме, созревала нова ветувачка генерација која на Европското првенство под 21 година 2007 стигнала до полуфиналето; со тоа белгискиот состав се квалификувал и за Летните олимписки игри во Пекинг следната година,[46] каде замалку им побегнал олимписки медал освојувајќи го четвртото место.[47] Седумнаесет од тие играчи кој настапиле на Олимписките игри подоцна играле и за сениорската репрезентација,[48] иако без непосредно влијание. Белгија завршила на делбата на второто (и последно) место на Кирин купот во 2009,[49] и доживеала срамен пораз од 125-то рангираната земја на ранг-списокот на ФИФА Ерменија во септември 2009 година.[1] По вториот мандат како селектор на Жорж Лекенс,[50][51] неговиот асистент Марк Вилмотс станал вршител на должноста селектор во мај 2012 година.[52]

По два натпревари како привремен селектор, Вилмотс се согласи да потпише траен договор и да остане на селекторската функција.[53] По неговото назначување, резултатите на селекцијата се подобриле,[54] така што некои странски медиуми генерација ја сметале за втората белгиска златна генерација.[55][55][56][56][57][57] Младиот белгиски состав се квалификувал без пораз како победник во својата квалификациска група за Светското првенство 2014,[58] и само за вторпат во историјата на белгиската репрезентација стигнале до четвртфиналето на Светското првенство 2014 каде биле елиминирани од Аргентина со 1-0 со голот на Гонсало Игуаин.[59] Претходно Белгија забележала 4 последнователни победи на турнирот.[59] Белгија се квалификувала и за Евро 2016 во октомври 2015 година,[60] а следниот месец во ноември 2015 избила на првото место на ФИФА ранкингот за првпат во нејзината историја,[61] и таму се задржале 5 месеци.[1][62] Сепак, следната година Белгија не успеала да ја потврди својата улога како фаворит на Европското првенство и биле елиминрани во четврт-финалето од 26-то ФИФА рангираната репрезентација на Велс;[1][63] ова ја поттикнало КБФА да го разреши Вилмотс.[64] Во квалификациите за Светското првенство 2018, тие повторно биле први во својата група,[65][66] и се пласирале на мундијалот во Русија под водство на шпанскиот тренер Роберто Мартинес.[67] Таму Белгија го освоила првото место во својата група со максимални три победи во конкуренција на Англија, Тунис и Панама. Потоа ги елиминирале Јапонија и Бразил во осминафиналето и четвртфиналето, соодветно, пред Белгија да биде сопрена во полуфиналето од подоцнежниот шампион Франција. Белгија го освоила третото место одново совладувајќи ја Англија (како и во групата) и го остварила најголемиот успех во историјата на репрезентацијата на мундијалите, надминувајќи го оној успех на генерацијата која настапила на Светското првенство 1986 која го освоила четвртото место.

Настапи на турнири

[уреди | уреди извор]

Настапи на Светските првенства

[уреди | уреди извор]
Светско првенство Квалификации за
Светско првенство
Домаќин/Година Рунда Поз. ОН П Н И ДГ ПГ ОН П Н И ДГ ПГ
Уругвај 1930 Прва фаза 11 2 0 0 2 0 4
Италија 1934 Прва фаза 15 1 0 0 1 2 5 2 0 1 1 6 8
Франција 1938 Прва фаза 13 1 0 0 1 1 3 2 1 1 0 4 3
Бразил 1950 Се повлекле Се повлекле
Швајцарија 1954 Групна фаза 12 2 0 1 1 5 8 4 3 1 0 11 6
Шведска 1958 Не се квалификувале 4 2 1 1 16 11
Чиле 1962 4 0 0 4 3 10
Англија 1966 5 3 0 2 12 5
Мексико 1970 Групна фаза 10 3 1 0 2 4 5 6 4 1 1 14 8
Германија 1974 Не се квалификувале 6 4 2 0 12 0
Аргентина 1978 6 3 0 3 7 6
Шпанија 1982 Втора групна фаза 10 5 2 1 2 3 5 8 5 1 2 12 9
Мексико 1986 Полуфинале 4 7 2 2 3 12 15 8 4 2 2 9 5
Италија 1990 Осминафинале 11 4 2 0 2 6 4 8 4 4 0 15 5
САД 1994 Осминафинале 11 4 2 0 2 4 4 10 7 1 2 16 5
Франција 1998 Групна фаза 19 3 0 3 0 3 3 10 7 1 2 23 13
Јужна Кореја Јапонија 2002 Осминафинале 14 4 1 2 1 6 7 10 7 2 1 27 6
Германија 2006 Не се квалификувале 10 3 3 4 16 11
Јужна Африка 2010 10 3 1 6 13 20
Бразил 2014 Четвртфинале 6 5 4 0 1 6 3 10 8 2 0 18 4
Русија 2018 TBD TBD 4 4 0 0 12 4 10 9 1 0 43 6
Катар 2022 Ќе учествуваат во квалификациите Ќе учествуваат во квалификациите
Вкупно 12/20 41 14 9 18 52 66 123 68 24 31 234 135

Настапи на Европските првенства

[уреди | уреди извор]
Европско првенство Квалификации
Година Рунда Поз. ОН П Н И ДГ ПГ Состави ОН П Н И ДГ ПГ Ref.
Франција 1960 Не учествувале Не учествувале
Шпанија 1964 Не се квалификавале 2 0 0 2 2 4 [68]
Италија 1968 6 3 1 2 14 9 [69]
Белгија 1972 Полуфинале 3. 2 1 0 1 3 3 Состав 8 5 2 1 13 4 [70]
Југославија 1976 Не се квалификувале 8 3 2 3 7 10 [71]
Италија 1980 Финале 2. 4 1 2 1 4 4 Состав 8 4 4 0 12 5 [72]
Франција 1984 Групна фаза 6. 3 1 0 2 4 8 Состав 6 4 1 1 12 8 [73]
Германија 1988 Не се квалификувале 8 3 3 2 16 8 [74]
Шведска 1992 6 2 1 3 7 6 [75]
Англија 1996 10 4 3 3 17 13 [76]
Белгија Холандија 2000 Групна фаза 12. 3 1 0 2 2 5 Состав Се квалифкувале како домаќин [77]
Португалија 2004 Не се квалификувале 8 5 1 2 11 9 [78]
Швајцарија Австрија 2008 14 5 3 6 14 16 [79]
Полска Украина 2012 10 4 3 3 21 15 [80]
Франција 2016 Четвртфинале 6. 5 3 0 2 9 5 Состав 10 7 2 1 24 5 [81]
Европска Унија 2020 Ќе учествуваат во квалификациите 0 0 0 0 0 0
Вкупно 5/15 17 7 2 8 22 25 104 49 26 29 170 112 [82]

Настапи на Олимписки игри

[уреди | уреди извор]
Летни олимписки игри
Година Рунда Позиција ОН П Н* И ДГ ПГ
Грција 1896 Немало фудбалски турнир
Франција 1900 Не учествувале
САД 1904
Обединето Кралство 1908
Шведска 1912 Се повлекле
Белгија 1920 Златен медал 1. 3 3 0 0 8 1
Франција 1924 Втора фаза - 1 0 0 1 1 8
Холандија 1928 Четвртфинале 7. 3 1 0 2 9 12
САД 1932 Немало фудбалски турнир
Трет Рајх 1936 Не учествувале
Обединето Кралство 1948
Финска 1952
Австралија 1956
Италија 1960
Јапонија 1964
Мексико 1968
Западна Германија 1972
Канада 1976
СССР 1980
САД 1984
Јужна Кореја 1988
Шпанија 1992
САД 1996
Австралија 2000
Грција 2004
Кина 2008 Четврто место 4. 6 3 0 3 7 10
Обединето Кралство 2012 Не се квалификувале
Бразил 2016
Јапонија 2020 TBD
Вкупно 1 Златен медал 4/19 13 7 0 6 25 31

Моментален состав

[уреди | уреди извор]
Бр. Поз. Играч Год. Настапи Голови Клуб
1 ГМ Тибо Куртоа 11 мај 1992(1992-05-11)(32 г.) 62 0 Англија Челси Челси
12 ГМ Симон Мињоле 6 март 1988(1988-03-06)(36 г.) 21 0 Англија Ливерпул Ливерпул
13 ГМ Коен Кастелс 25 јуни 1992(1992-06-25)(32 г.) 0 0 Германија Волфсбург Волфсбург
2 ОД Тоби Алдервеирелд 2 март 1989(1989-03-02)(35 г.) 80 3 Англија Тотенхем Тотенхем
3 ОД Томас Вермален 14 ноември 1985(1985-11-14)(39 г.) 67 1 Шпанија Барселона Барселона
4 ОД Венсан Компани 10 април 1986(1986-04-10)(38 г.) 79 4 Англија Манчестер Сити Манчестер Сити
5 ОД Јан Вертонген 24 април 1987(1987-04-24)(37 г.) 105 9 Англија Тотенхем Тотенхем
15 ОД Томас Мение 12 септември 1991(1991-09-12)(33 г.) 28 5 Франција Париз Сен Жермен Париз Сен Жермен
20 ОД Дедрик Бојата 28 ноември 1990(1990-11-28)(33 г.) 10 0 Шкотска Селтик Селтик
23 ОД Леандер Дендонкер 15 април 1995(1995-04-15)(29 г.) 6 0 Белгија Андерлехт Андерлехт
6 СР Аксел Витсел 12 јануари 1989(1989-01-12)(35 г.) 93 9 Кина Тјанџин Кванџијан Тјанџин Кванџијан
7 СР Кевин Де Бројне 28 јуни 1991(1991-06-28)(33 г.) 65 14 Англија Манчестер Сити Манчестер Сити
8 СР Маруан Фелаини 22 ноември 1987(1987-11-22)(36 г.) 85 18 Англија Манчестер Јунајтед Манчестер Јунајтед
11 СР Јаник Караско 4 септември 1993(1993-09-04)(31 г.) 29 5 Кина Даљен Аербин Даљен Аербин
17 СР Јури Тилеманс 7 мај 1997(1997-05-07)(27 г.) 11 0 Франција Монако Монако
18 СР Аднан Јанузај 5 февруари 1995(1995-02-05)(29 г.) 9 1 Шпанија Реал Сосиедад Реал Сосиедад
19 СР Муса Дембеле 16 јули 1987(1987-07-16)(37 г.) 78 5 Англија Тотенхем Тотенхем
22 СР Насер Шадли 2 август 1989(1989-08-02)(35 г.) 48 6 Англија Вест Бромвич Албион Вест Бромвич Албион
9 НП Ромелу Лукаку 13 мај 1993(1993-05-13)(31 г.) 72 40 Англија Манчестер Јунајтед Манчестер Јунајтед
10 НП Еден Азар 7 јануари 1991(1991-01-07)(33 г.) 89 24 Англија Челси Челси
14 НП Дрис Мертенс 6 мај 1987(1987-05-06)(37 г.) 73 15 Италија Наполи Наполи
16 НП Торган Азар 29 март 1993(1993-03-29)(31 г.) 13 1 Германија Борусија Менхенгладбах Б. Менхенгладбах
21 НП Миши Батшуаји 2 октомври 1993(1993-10-02)(31 г.) 18 8 Англија Челси Челси

Статистика на играчите

[уреди | уреди извор]
  Активни репрезентативци

Играчи со најмногу настапи

[уреди | уреди извор]

Последна промена 4 јули 2014.[83]

Најмногу настапи
Јан Вертонген (2007–денес), 105 настапи
# Име Реп. кариера Настапи Голови Позиција
1 Јан Вертонген 2007– 105 9 ОД
2 Јан Кулеманс 1977–1991 96 22 СР/НП
3 Тими Симонс 2001–2016 94 6 ОД/СР
4 Аксел Витсел 2008– 93 9 СР
5 Еден Азар 2008– 89 24 НП
6 Франки Ван дер Елст 1984–1998 86 1 СР
Ерик Геретс 1975–1991 86 2 ОД
8 Даниел Ван Бајтен 2001–2014 85 10 ОД
Маруан Фелаини 2007– 85 18 СР
10 Енцо Шифо 1984–1998 84 18 СР

Играчи со најмногу постигнати голови

[уреди | уреди извор]

Последна промена 4 јули 2014.[83]

Прв гол
Жорж Керите против  Франција на 1 мај 1904
Најмногу голови
Ромелу Лукаку (2010–денес), 40 гола
# Име Реп. кариера Голови Настапи Позиција Голови по натпревар
1 Ромелу Лукаку 2010– 40 72 НП 0.5633
2 Бернаед Ворхоф 1928–1940 30 61 НП 0.4918
Пол Ван Химст 1960–1974 30 81 FW 0.3704
4 Жозеф Мерманс 1945–1956 28 56 НП 0.5000
Марк Вилмотс 1990–2002 28 70 СР 0.4000
6 Роберт Де Вен 1906–1913 26 23 НП 1.1304
7 Весли Сонк 2001–2010 24 55 НП 0.4364
Еден Азар 2008– 24 89 СР/НП 0.2727
9 Рајмонд Браине 1925–1939 23 52 НП 0.4423
Марк Дегрис 1984–1996 23 63 НП 0.3651

Селектори

[уреди | уреди извор]

Последна измена: 14 март 2014.

Селектор Мандат Вкупно натпревари Победи Нерешени Изгубени Успешност % Бодови/натпревари
Комитет (1) 1904–1909 19 8 1 10 42.11 1.32
Шкотска Вилијам Максвел (1) 1910–1913 23 11 3 9 47.83 1.57
Англија Чарлс Бунјан 1914 4 0 0 4 0.00 0.00
Шкотска Вилијам Максвел (2) 1920–1928 49 14 10 25 28.57 1.06
Австрија Виктор Левенфелд 1928–1930 11 5 2 4 45.45 1.55
Белгија Хектор Гетинк 1930–1934 31 7 5 19 22.58 0.84
Унгарија Јулес Турнауер 1935 3 0 1 2 0.00 0.33
Англија Џек Батлер 1935–1940 15 4 4 7 26.67 1.07
Белгија Франсоа Демол 1944–1946 8 2 2 4 25.00 1.00
Англија Бил Гормли 1947–1953 44 18 9 17 40.91 1.43
Шкотска Дагал Ливингстон 1953–1954 13 6 6 1 46.15 1.85
Белгија Андре Вандевејер 1955–1957 17 4 2 11 23.53 0.82
Белгија Луј Николаи 1957 1 1 0 0 100.00 3.00
Унгарија Геза Толди 1957–1958 6 1 2 3 16.67 0.83
Белгија Констант Ванден Шток 1958–1968 68 28 11 29 41.18 1.40
Белгија Рајмонд Геталс 1968–1976 44 25 8 11 56.82 1.89
Белгија Гај Тис (1) 1976–1989 101 46 24 31 45.54 1.60
Белгија Валтер Меувс 1989–1990 6 2 3 1 33.33 1.50
Белгија Гај Тис (2) 1990–1991 13 4 4 5 30.77 1.23
Белгија Пол Ван Химст 1991–1996 36 19 5 12 52.78 1.72
Белгија Вилфрид Ван Моер 1996 5 2 2 1 40.00 1.60
Белгија Жорж Лекенс (1) 1997–1999 29 10 10 9 34.48 1.38
Белгија Роберт Васеж 1999–2002 34 16 11 7 47.06 1.74
Белгија Аиме Антуенис 2002–2005 29 12 7 10 41.38 1.48
Белгија Рене Вендерејкен 2005–2009 30 10 7 13 33.33 1.23
Белгија Франки Веркаутерен 2009 5 0 1 4 0.00 0.20
Холандија Дик Адвокат 2009–2010 5 3 0 2 60.00 1.80
Белгија Жорж Лекенс (2) 2010–2012 19 8 7 4 42.10 1.63
Белгија Марк Вилмотс 2012-2016 49 33 8 8 67.35 2.18
Шпанија Роберто Мартинес 2016- 22 16 5 1 72.73 2.41
Вкупно 764 321 164 279 42.02 1.48
Team colours Team colours Team colours
Team colours
Team colours
СП 1982 (alt.)
Втор дрес
[уреди | уреди извор]
Team colours Team colours Team colours
Team colours
Team colours
СП 1986 (alt.)
Team colours Team colours Team colours
Team colours
Team colours
ЕП 2000 (не бил користен)
Team colours Team colours Team colours
Team colours
Team colours
СП 2002 (не бил користен)
Team colours Team colours Team colours
Team colours
Team colours
ЕП 2016 (alt.)
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 „FIFA/Coca-Cola World Ranking“. FIFA. Архивирано од изворникот на 25 June 2016.
  2. Dries Vanysacker (21 May 2015). „Belgische voetbalgeschiedenis begon in Gent“ [Belgian football history began in Ghent]. Eos (холандски). Архивирано од изворникот на 25 June 2016. Посетено на 13 June 2015.
  3. François Colin (1 April 2003). „Report. "Kroniek van het Belgisch voetbal" schetst ontstaan populairste sport“ [Report. "The chronicle of Belgian football" sketches origins of most popular sport]. De Standaard (холандски). Архивирано од изворникот на 11 June 2013. Посетено на 29 August 2015.
  4. 4,0 4,1 4,2 Henshaw 1979, стр. 75.
  5. „Historique de l'URBSFA“ [History of the RBFA] (француски). RBFA. Архивирано од изворникот на 7 May 2012. Посетено на 31 October 2015.
  6. Guldemont & Deps 1995, стр. 64.
  7. Fraiponts & Willocx 2003.
  8. Matty Verkamman (9 January 1999). „Interlandvoetbal om 'koperen dingetje'/Sporteeuw (2) – 1901“ [International football for 'the copper thingy'/Sports Century (2) – 1901]. Trouw (холандски). Архивирано од изворникот на 25 June 2016. Посетено на 9 April 2015.
  9. Hubert 1980, стр. 12.
  10. 10,0 10,1 Hubert 1980, стр. 13.
  11. „Belgium v France − a 109-year-old rivalry“. UEFA. 13 August 2013. Архивирано од изворникот на 25 June 2016. Посетено на 15 August 2013.
  12. „History of FIFA – Foundation“. FIFA. Архивирано од изворникот на 25 June 2016. Посетено на 16 May 2014.
  13. Parrish & Nauright 2014, стр. xv.
  14. Boin 1945.
  15. Hassanin Mubarak (7 August 2003). „Belgium National Team Coaches“. RSSSF. Архивирано од изворникот на 29 June 2016. Посетено на 14 September 2013.
  16. 16,0 16,1 16,2 16,3 16,4 16,5 Karel Stokkermans. „Belgium – List of International Matches“. RSSSF. Архивирано од изворникот на 1 July 2016. Посетено на 4 February 2018.
  17. „Frankrijk–België“ [France–Belgium]. De Telegraaf (холандски). 21 March 1916. Посетено на 11 June 2015 – преку Delpher.
  18. Juan Fauria í García (1993). „The 1920 Football (Soccer) Tournament“ (PDF). ISOH magazine. 1 (4): 5–7. Архивирано од изворникот (PDF) на 28 December 2013. Посетено на 4 May 2014.
  19. „World Football Elo Ratings: Belgium“. World Football Elo Ratings website. Архивирано од изворникот на 25 June 2016. Посетено на 18 August 2013.
  20. Henshaw 1979, стр. 76.
  21. „Belgium in exile - Belgische regering, vluchtelingen en soldaten in Groot-Brittannië“ [Belgium in exile - Belgian government, refugees and soldiers in Great Britain] (PDF) (холандски). National Archives of Belgium: 31. Архивирано од изворникот (PDF) на 18 December 2016. Посетено на 18 December 2016. Наводот journal бара |journal= (help)
  22. Mark Chaplin (5 May 2014). „The birth of UEFA“. UEFA. Архивирано од изворникот на 25 June 2016. Посетено на 28 June 2014.
  23. „België wist Engeland een gelijk spel af te dwingen“ [Belgium managed to enforce a draw against England]. Amigoe di Curaçao (холандски). 18 June 1954. Посетено на 19 December 2016 – преку Delpher.
  24. „World Cup 1954 finals“. RSSSF. Архивирано од изворникот на 6 March 2016. Посетено на 17 August 2015.
  25. „Retro WK 1966: Engeland wint na meest omstreden goal van de eeuw, Duivels stranden in testmatch“ [Retro WC 1966: England wins after most controversial goal of the century, Devils left stranded in test match]. voetbalnieuws.be (холандски). 31 May 2014. Архивирано од изворникот на 25 June 2016. Посетено на 19 August 2015.
  26. Bernhart & Houtman 2014.
  27. „World Cup 1970 finals“. RSSSF. Архивирано од изворникот на 1 July 2016. Посетено на 17 August 2015.
  28. 28,0 28,1 Karel Stokkermans; Martín Tabeira (31 January 2007). „European Championship 1972“. RSSSF. Архивирано од изворникот на 1 July 2016. Посетено на 10 November 2014.
  29. „Wonderbaarlijke ontsnappingen uit de Oranje-historie“ [Miraculous escapes in Oranje history]. de Volkskrant (холандски). 19 November 2003. Архивирано од изворникот на 8 June 2016. Посетено на 16 May 2015.
  30. Snyder 2001.
  31. Karel Stokkermans; Martín Tabeira (20 June 2013). „European Championship 1976“. RSSSF. Архивирано од изворникот на 25 June 2016. Посетено на 24 October 2015.
  32. Karel Stokkermans; Sergio Henrique Jarreta (3 January 2000). „World Cup 1978 Qualifying“. RSSSF. Архивирано од изворникот на 25 June 2016. Посетено на 24 October 2015.
  33. 33,0 33,1 Karel Stokkermans; Martín Tabeira (28 March 2007). „European Championship 1980“. RSSSF. Архивирано од изворникот на 1 July 2016. Посетено на 27 August 2015.
  34. David Runciman (16 June 2014). „Why You Should (and Should Not) be Excited About Belgium's New Golden Generation“. The New Republic. Посетено на 5 May 2015.
  35. „2014 Fifa World Cup: Guide to Belgium's Group H“. BBC. 23 May 2014. Посетено на 12 July 2016.
  36. „World Cup 1986 finals“. RSSSF. Архивирано од изворникот на 1 July 2016. Посетено на 27 August 2015.
  37. Barrie Courtney (19 June 2004). „European Championship 1984 – Final Tournament – Full Details“. RSSSF. Архивирано од изворникот на 26 November 2001. Посетено на 27 August 2015.
  38. John Beuker; Karel Stokkermans (17 January 2004). „European Championship 2000“. RSSSF. Архивирано од изворникот на 1 July 2016. Посетено на 27 August 2015.
  39. Josef Bobrowsky (14 June 2000). „King Hassan II Tournament 1998“. RSSSF. Архивирано од изворникот на 25 June 2016. Посетено на 20 August 2015.
  40. „Cyprus International Tournament 1999“. RSSSF. 27 February 2001. Архивирано од изворникот на 26 July 2016. Посетено на 26 July 2016.
  41. José Luis Pierrend (11 June 2000). „Kirin Cup 1999“. RSSSF. Архивирано од изворникот на 25 June 2016. Посетено на 20 August 2015.
  42. Erlan Manaschev (3 July 2008). „World Cup 2002 – Match Details“. RSSSF. Архивирано од изворникот на 1 July 2016. Посетено на 27 August 2015.
  43. „Markov : "België verzwakt door vertrek Wilmots-Verheyen" [Markov: "Belgium weakened by departure Wilmots-Verheyen"]. Gazet van Antwerpen (холандски). 8 September 2002. Архивирано од изворникот на 25 June 2016. Посетено на 27 August 2015.
  44. „Waseige resigns as Belgium coach“. BreakingNews.ie. 17 June 2002. Архивирано од изворникот на 21 November 2015. Посетено на 15 March 2014.
  45. Maarten Delvaux (6 June 2012). „Overzicht Belgische bondscoaches“ [Overview Belgian national team coaches]. Het Nieuwsblad (холандски). Архивирано од изворникот на 21 July 2016. Посетено на 18 July 2016.
  46. Gunther De Vos (18 June 2007). „Sterke generatie schrijft geschiedenis“ [Strong generation writes history]. De Standaard (холандски). Архивирано од изворникот на 25 June 2016. Посетено на 27 August 2015.
  47. Karel Stokkermans (14 March 2013). „Games of the XXIX. Olympiad – Football Tournament“. RSSSF. Архивирано од изворникот на 1 July 2016. Посетено на 27 August 2015.
  48. „All Red Devils“. RBFA. Посетено на 14 August 2013.
  49. Hamdan Saaid (16 July 2009). „Kirin Cup 2009“. RSSSF. Архивирано од изворникот на 25 June 2016. Посетено на 20 August 2015.
  50. Ludo Vandewalle; Gunther De Vos; Ki. V. (3 May 2010). „Georges Leekens dan toch bondscoach“ [Georges Leekens national manager after all]. Het Nieuwsblad (холандски). Посетено на 10 July 2013.
  51. lbo; janm (13 May 2012). „Leekens verlaat Rode Duivels voor Club Brugge“ [Leekens leaves Red Devils for Club Brugge]. De Standaard (холандски). Посетено на 10 July 2013.
  52. Maarten Delvaux; Bart Lagae (15 May 2012). „Marc Wilmots voorlopig interim-bondscoach“ [Marc Wilmots provisional interim national manager]. De Standaard (холандски). Посетено на 9 July 2013.
  53. janm (6 June 2012). „Marc Wilmots is nieuwe bondscoach tot 2014“ [Marc Wilmots is new national manager until 2014]. De Standaard (холандски). Посетено на 9 July 2013.
  54. „Argentina go second, Belgium & Uruguay rise“. FIFA. 12 September 2013. Архивирано од изворникот на 26 June 2016. Посетено на 12 September 2013.
  55. 55,0 55,1 Tim Adams (24 August 2013). „Why Belgium is the hottest country in football“. Esquire. Архивирано од изворникот на 19 September 2013. Посетено на 15 September 2013.
  56. 56,0 56,1 „Rote Teufel: Eine Goldene Generation mit königsblauer Disziplin“ [Red Devils: A golden generation with royal blue discipline]. Bild (германски). 11 September 2013. Архивирано од изворникот на 26 June 2016. Посетено на 15 September 2013.
  57. 57,0 57,1 John Sinnott (10 September 2013). „Will Belgium win the World Cup?“. CNN. Архивирано од изворникот на 26 June 2016. Посетено на 15 September 2013.
  58. Karel Stokkermans; Juan Pablo Andrés; Erik Francisco Lugo (18 June 2015). „World Cup 2014 Qualifying“. RSSSF. Архивирано од изворникот на 26 June 2016. Посетено на 27 August 2015.
  59. 59,0 59,1 Neil Morrison (24 July 2014). „World Cup 2014 – Match Details“. RSSSF. Архивирано од изворникот на 1 July 2016. Посетено на 27 August 2015.
  60. „Belgium stroll past Andorra to qualify“. UEFA. 10 October 2015. Архивирано од изворникот на 26 June 2016. Посетено на 3 November 2015.
  61. „Belgium go top, Chile and Austria soar“. FIFA. 5 November 2015. Архивирано од изворникот на 26 June 2016. Посетено на 5 November 2015.
  62. „Belgium and Turkey claim awards, Hungary return“. FIFA. 3 December 2015. Архивирано од изворникот на 21 July 2016. Посетено на 21 July 2016.
  63. „Wales stun Belgium to reach Euro semifinal“. ESPN FC. 1 July 2016. Архивирано од изворникот на 21 July 2016. Посетено на 2 July 2016.
  64. maj (15 July 2016). „Marc Wilmots ontslagen als coach Rode Duivels“ [Marc Wilmots dismissed as coach Red Devils]. De Standaard (холандски). Архивирано од изворникот на 21 July 2016. Посетено на 15 July 2016.
  65. „FIFA World Cup qualifying draw format“. UEFA. 16 June 2015. Архивирано од изворникот на 26 June 2016. Посетено на 21 August 2015.
  66. „FIFA/Coca-Cola World Ranking – July 2015 (UEFA)“. FIFA. 9 July 2015. Архивирано од изворникот на 26 June 2016. Посетено на 9 July 2015.
  67. „Greece 1–2 Belgium: Visitors become first European side to qualify for World Cup with win“. Sky Sports. 3 September 2017. Архивирано од изворникот на 4 September 2017. Посетено на 3 September 2017.
  68. „Kvalifikacije za EP 1964“. UEFA.com. Посетено на 19 април 2015.
  69. „Kvalifikacije za EP 1968“. UEFA.com. Посетено на 19 април 2015.
  70. „Kvalifikacije za EP 1972“. UEFA.com. Посетено на 19 април 2015.
  71. „Kvalifikacije za EP 1976“. UEFA.com. Посетено на 19 април 2015.
  72. „Kvalifikacije za EP 1980“. UEFA.com. Посетено на 19 април 2015.
  73. „Kvalifikacije za EP 1984“. UEFA.com. Посетено на 19 април 2015.
  74. „Kvalifikacije za EP 1988“. UEFA.com. Посетено на 19 април 2015.
  75. „Kvalifikacije za EP 1992“. UEFA.com. Посетено на 19 април 2015.
  76. „Kvalifikacije za EP 1996“. UEFA.com. Посетено на 19 април 2015.
  77. „Kvalifikacije za EP 2000“. UEFA.com. Посетено на 19 април 2015.
  78. „Kvalifikacije za EP 2004“. UEFA.com. Посетено на 19 април 2015.
  79. „Kvalifikacije za EP 2008“. UEFA.com. Посетено на 19 април 2015.
  80. „Kvalifikacije za EP 2012“. UEFA.com. Посетено на 19 април 2015.
  81. „Kvalifikacije za EP 2016“. UEFA.com. Посетено на 15 октомври 2015.
  82. „Belgium team profile“. UEFA.com. Посетено на 15 октомври 2015.
  83. 83,0 83,1 Фудбалери со најголем број на настапи и најдобри стрелци на белгиската фудбласка репрезентација, rsssf.com; пристапено: 16 март 2014.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]